Банкарските пари најсигурни во НБМ

Bez autora
Aug 27 2010

Банките се' уште сметаат дека парите им се најсигурни кога се наоѓаат во Народна банка на Македонија, врзани за благајнички записи. Банките вчера од централната банка купија благајнички записи во вкупна вредност од 137 милиони евра. Ова покажува дека се' уште не стивнува нивниот интерес слободните пари да ги вложуваат во сигурни хартии од вредност место во кредити, иако каматите на записите се двојно помали, односно таа сега изнесува 4,5 отсто. Во НБМ во благајнички записи моментно банките имаат депонирано речиси 400 милиони евра, кои ќе ги повлекуваат во наредниот период, со камата што важела во периодот кога биле купени. Иако НБМ ја намали по шести пат основната камата на средината од август, по што се очекуваше и банките да ги поевтинат кредитите, сепак, не се случи тоа. Банките и натаму бараат НБМ да ја намали задолжителната резерва, па дури потоа најавуваат дека ќе има и повеќе и поевтини кредити и за граѓаните и за фирмите.

Банкарските пари најсигурни во НБМБанките се' уште сметаат дека парите им се најсигурни кога се наоѓаат во Народна банка на Македонија, врзани за благајнички записи.

Банките вчера од централната банка купија благајнички записи во вкупна вредност од 137 милиони евра. Ова покажува дека се' уште не стивнува нивниот интерес слободните пари да ги вложуваат во сигурни хартии од вредност место во кредити, иако каматите на записите се двојно помали, односно таа сега изнесува 4,5 отсто. Во НБМ во благајнички записи моментно банките имаат депонирано речиси 400 милиони евра, кои ќе ги повлекуваат во наредниот период, со камата што важела во периодот кога биле купени. Иако НБМ ја намали по шести пат основната камата на средината од август, по што се очекуваше и банките да ги поевтинат кредитите, сепак, не се случи тоа.

Банките и натаму бараат НБМ да ја намали задолжителната резерва, па дури потоа најавуваат дека ќе има и повеќе и поевтини кредити и за граѓаните и за фирмите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik